Конечниот пласман за Златната топка: Мбапе пред Јамал, еве каде се Меси, Халанд …

Точка

27/10/2026

08:17

463

Големина на фонт

а а а

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и напаѓач на Баерн, Хари Кејн, е добитник на Златната топка за најдобар играч во сезоната 2025/26, која ја доделува француското списание „France Football“.

Кејн стана петтиот Англичанец што ја освоил оваа престижна награда, која се доделува од 1956 година. Прв беше Стенли Метјуз, воедно и првиот добитник на Златната топка во историјата во 1956 година, по кого следуваа Боби Чарлтон во 1966, Кевин Киган во 1978 и 1979, како и Мајкл Овен во 2001 година.

Кејн на 65 настапи за клубот и репрезентацијата минатата сезона постигна 73 гола. Со Англија го освои третото место на Светското првенство, додека со Баерн ја освои двојната круна во Германија.

Кејн ја освои престижната награда пред бројни познати играчи што се истакнаа минатата сезона, но, како што се покажа, никој како Англичанецот. Најголеми конкуренти му беа Килијан Мбапе и Ламин Јамал, а веднаш зад него на крајот заврши францускиот напаѓач на Реал Мадрид, пренесува „Sportske novosti“.

На третото место, значи, заврши Јамал, а следуваат Родри, Лионел Меси, Хвича Кварацхелија, Усман Дембеле, Ерлинг Халанд и Мајкл Олисе, додека првите десет ги заокружува Фабијан Руиз.


Конечен пласман:

1. Хари Кејн

2. Килијан Мбапе

3. Ламин Јамал

4. Родри

5. Лео Меси

6. Хвича Кварацхелија

7. Усман Дембеле

8. Ерлинг Халанд

9. Мајкл Олисе

10. Фабијан Руиз

11. Џуд Белингам

12. Пау Кубарси

13. Ашраф Хакими

14. Витиња

15. Деклан Рајс

16. Феран Торес

17. Винисиус

18. Марк Кукуреља

19. Жоао Невеш

20. Вилијан Пачо

21. Габриел

22. Лаутаро Мартинез

23. Нуно Мендеш

24. Луис Дијаз

25. Маркињос

26. Дајо Упамекано

27. Бруно Фернандеш

28. Хулијан Кињонес

29. Вилијам Салиба

30. Садио Мане