Сопругата на фудбалер на Рома: „Ме изневеруваше и со проститутки, сè видов со свои очи“

Макфакс

26/10/2026

21:30

326

Големина на фонт

а а а

Аманда Мартинс, сопругата на фудбалерот Весли од Рома, обвинува дека тој ја изневерувал повеќепати, вклучувајќи и со проститутки, и дека ја напуштил за време на бременоста. Таа ја сподели својата приказна и докази преку социјалните мрежи.

Аманда Мартинс, сопругата на бразилскиот фудбалер Весли, кој настапува за Рома, на социјалните мрежи изнесе сериозни обвинувања против својот сопруг. Таа тврди дека повеќепати ја изневерувал за време на бракот, вклучително и со проститутки, како и дека ја напуштил додека била бремена.

Двојката има ќерка, а веќе извесно време не живее заедно.

„Никогаш не мислев дека на Инстаграм ќе зборувам за толку важен дел од мојот живот. Секогаш бев повлечена кога станува збор за бракот, но поради сè што читам на социјалните мрежи решив да објаснам што се случило“, напиша Аманда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Martins (@meamandinha_)

Таа тврди дека нејзиниот сопруг не ја изневерил само еднаш, туку многупати.

„Денес повеќе не сме заедно и тој може да прави што сака. Но, не ме почитуваше ниту додека бевме заедно. Не ме изневери еднаш, двапати или трипати, туку многупати. И не станува збор за една, две или три девојки, туку за повеќе, вклучително и проститутки“, изјави таа.

Според нејзините зборови, доказите за наводните неверства ги пронашла во мобилниот телефон на Весли.

„Сè видов со свои очи. Имав пристап до неговиот телефон. За време на тие средби фотографирал и снимал, а јас сè префрлив на мојот телефон. Дури и тогаш го носел венчалниот прстен“, раскажа Аманда.

Таа додава дека Весли ги негирал нејзините сомневања, дури и кога се заколнувал во Бог и во нивната ќерка дека не направил ништо.

Аманда тврди дека неверствата продолжиле и додека била бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Martins (@meamandinha_)

„Ме изневеруваше и ме напушти за време на бременоста. Сепак, молчев, простував и искрено се обидував да создадам семејство и стабилен брак. Но, не успеа“, изјави таа.

Мартинс раскажа и дека сопругот, според нејзините тврдења, барал телефонски броеви од други жени дури и во нејзино присуство, вклучително и од келнерки во ресторани.

Поради таквото однесување, како што вели, почнала да доживува напади на анксиозност и во еден момент самата се обвинувала за проблемите во бракот.

„Мислев дека треба повеќе да се грижам за себе за тој да нема потреба да гледа други жени. Но, кога мажот не е добар, ништо од тоа не е важно“, заклучи таа.

„Ла газета дело спорт“ наведува дека Весли деновиве привлече внимание и со објава на Инстаграм на која покажал поголема количина готовина и луксузен рачен часовник.