[ВИДЕО] НБА-ѕвездата предизвика лавина критики: Менувањето пелени на деветмесечниот син ѝ го препушта на девојката

Точка

24/10/2026

16:00

716

Големина на фонт

а а а

Американскиот кошаркар Ламело Бол се најде на удар на критики откако во интервју за ЕСПН отворено признал дека не му менува пелени на својот деветмесечен син Лаон.

Водителот Ерни Џонсон го прашал новиот играч на Минесота Тимбервулвс како се снаоѓа во улогата на татко и дали му менува пелени на синот. Бол одговорил без размислување.

„Не, мојата девојка го прави сето тоа“, рекол Бол.

Џонсон веднаш возвратил.

„Човеку, не знаеш што пропушташ“, му рекол искусниот водител.

Бол потоа појаснил дека претходно менувал пелени, но дека сега со својата девојка имаат јасен договор за поделба на обврските.

„Порано го правев тоа, но едноставно тоа не е моја работа“, изјавил тој.


Неговата изјава брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина го критикуваат Бол дека целата грижа за детето ѝ ја препушта на својата партнерка. Сепак, има и такви кои го бранат, истакнувајќи дека секој пар сам одлучува како ќе ги подели родителските обврски.

Мајката на синот на Бол е манекенката и инфлуенсерка Ана Монтана.


Бол ова лето, по шест години поминати во Шарлот Хорнетс, преминал во Минесота. На своето деби за новиот клуб постигнал 21 поен и забележал шест асистенции во победата над Мајами Хит со 131:106.