Италијанскиот тенисер го прекинал мечот поради бизарна причина: „Повикајте го супервизорот, итно ми треба телефон“

Точка

24/10/2026

18:02

572

Големина на фонт

а а а

Лоренцо Музети среде мечот во Лион побарал помош од супервизорот и дозвола да го користи телефонот поради допинг контрола.

На тениските терени сме виделе секакви работи, но вакво нешто се случи за првпат. Многумина останаа шокирани кога Лоренцо Музети среде мечот против Лука ван Аш во Лион побара на теренот да се појави супервизорот. Зошто? За да добие дозвола да го користи телефонот.

Да потсетиме, употребата на телефони за време на тениските мечеви е строго забранета. Посебна дозвола за тоа има Саша Зверев, кој боледува од дијабетес. Музети прво го молел судијата, а потоа го побарал и супервизорот, и сето тоа поради допинг тестирањето. Играчите се должни да ја пријават локацијата на која се наоѓаат кога лицата задолжени за тестирањето однапред ќе го најават своето доаѓање. Очигледно, тој пријавил друга локација, најверојатно сместувањето во Лион.


Бидејќи мечот траел 3 часа и 33 минути, што никој не го очекувал, па ни самиот Италијанец, тој морал да побара помош. Требало да им се јави на контролорите и да ја објасни ситуацијата, за да избегне евентуални казни, опомени и слично. Тоа уште еднаш покажува колку се апсурдни правилата и колку е бесмислено играчот да мора да размислува за такви работи среде мечот, наместо луѓето од антидопинг агенцијата едноставно сами да видат дека некој се наоѓа на теренот...


„Само на Синер сè му е дозволено“

Кога и на социјалните мрежи почнаа да пишуваат за необичната ситуација во која се најде Музети, навивачите веднаш се сетија на Јаник Синер. Тенисерот двапати падна на допинг тест и, и покрај сето тоа, доби договорена суспензија од само три месеци во текот на која не пропушти ниту еден гренд-слем-турнир.


На пример, Маркета Вондроушова доби четиригодишна забрана бидејќи пропуштила три тестирања, иако ниту на едно од нив не била позитивна. Нешто слично му се случи и на Швеѓанецот Микаел Имер... Така, навивачите напишаа дека само на Синер сè му е дозволено.