Времето денеска ќе се карактеризира со променлива облачност претпладне и сончеви периоди попладне, со температури кои ќе достигнат до 24 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.








