ВЛЕН: За првпат, тетовската библиотека добива универзитетски статус

Макфакс

21/10/2026

09:50

224

Големина на фонт

а а а

Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово за првпат добива универзитетски статус, што ќе им овозможи на студентите, професорите и истражувачите подобри услови за користење на литературата и библиотечните услуги.

На предлог на министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, е усвоена одлука за проширување на дејноста на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово која за првпат станува универзитетска библиотека. Со ова, студентите, професорите и истражувачите ќе имаат поголеми можности за користење на литературата и библиотечните услуги, соопштија од ВЛЕН.

„За подготовка на испити, пишување дипломска работа или научно истражување е потребна соодветна литература. Со универзитетскиот статус, библиотеката ќе може подобро да одговори на овие потреби, а ќе продолжи да им служи и на сите граѓани. Зад секој студент стои и трудот на неговото семејство. Работиме студентите и нивните семејства да ја добијат потребната поддршка, а младите да имаат можности да се развиваат тука, во својата земја. За тоа сме во власта и за тоа работиме секој ден“, велат од партијата.