Есенска дератизација во Општина Кисела Вода

Макфакс

20/10/2026

11:20

106

Големина на фонт

а а а

Во Општина Кисела Вода се спроведува редовна есенска дератизација која опфаќа преку 2000 шахти, со цел системско уништување на штетните глодари и заштита на здравјето на жителите, како дел од годишната програма за комунални работи и превенција.

​Редовна есенска дератизација се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Активностите ги изведува специјализираната фирма „Токсивет“ и со нив ќе бидат опфатени преку 2000 шахти, извести Општината.

Процесот на дератизација ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел превенција, системско уништување на штетните глодари и заштита на здравјето на жителите.

Согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина, Општина Кисела Вода спроведува редовна дератизација два пати годишно, во пролет и во есен.

На овој начин се обезбедува сеопфатна заштита и се превенира појавата на заразни болести, што е од примарно значење за сигурноста на нашите сограѓани.