24-годишна девојка од Ресенско е уапсена откако била фатена да вози со брзина од 142 км/ч на регионален пат каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч. Возилото и е одземено, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Вчера во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од село Подмочани, ресенско.
При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а – „безобѕирно управување со моторно возило“.








