Пелегрини лут на судиите по поразот од Барселона: Сите одлуки беа во нивна корист

Дерби

18/10/2026

12:14

356

Големина на фонт

а а а

Бетис вчера добро парираше против Барселона додека имаше ист број играчи на теренот, но на крајот загуби убедливо откако Бернал доби директен црвен картон по дуелот со Ламин Јамал.

Тренерот Мануел Пелегрини не го криел задоволството од начинот на кој играле неговите фудбалери, но истовремено е лут на судијата и ВАР собата поради одлуките кои постојано завршувале во корист на противничката екипа.

– Во ваква ситуација можам да кажам дека бевме немоќни да промениме нешто, резултатот не го прикажува реално она што се случуваше на теренот.

– Имаше неколку спорни моменти, вклучувајќи го и црвениот картон. Двајцата фудбалери провоцираа и туркаа, требаше да добијат жолт картон и толку.

– Што се однесува до поништениот гол на Ло Селсо, Кучо играше со рака на триесет метри од голот и тоа откако беше оттурнат од противнички фудбалер. Тој ја сопре топката со гради и ја закачи со раката откако беше турнат, мислам дека вакви одлуки го уништуваат фудбалскиот спектакл пред 60.000 гледачи на трибините, – рекол разочараниот Пелегрини.