[ВИДЕО] Меси два пати ја исфрустрира одбраната на Атланта и донесе гостинска победа за Интер Мајами

Дерби

18/10/2026

12:13

318

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси уште еднаш потврди дека му лежи теренот на стадионот во Атланта, каде утринава се погрижи за гостинска победа на Интер Мајами.

Аргентинската ѕвезда постигна два атрактивни погодоци во второто полувреме во победата од 1:3 за тимот од Флорида, со што стигна до бројката од 25 постигнати голови во актуелната МЛС сезона.

Меси издоминира на теренот на кој летоска испорача две асистенции за пресвртот на Аргентина во мундијалското полуфинале со Англија, па уште еднаш се радуваше во Атланта, каде делуваше максимално мотивирано да покаже дел од својот фудбалски репертоар.