Тешки денови за кралицата на реалните шоуа: Неуспешната естетска операција за малку ќе ја обезличела – „Лицето ми е вдлабнато“

Точка

17/10/2026

18:23

1.192

Големина на фонт

а а а

Телевизиската ѕвезда Шерон Озборн проговорила за естетските зафати и открила дека има вдлабнатина на лицето поради неуспешна операција. Таа споделила дека сè уште ги чувствува последиците од зафатот на десната страна од лицето.

„Од тоа ми остана вдлабнатина овде, која се протега сè до тука“, изјавила таа во поткастот „The Osbournes“, покажувајќи ја вдлабнатината веднаш над устата.

Шерон изнесе претпоставка дека хирургот можеби му дозволил на некој друг да преземе дел од операцијата.

„Мислам дека хирургот му ја препуштил операцијата на свој колега. Ми се чини дека добил телефонски повик, а потоа неговиот колега се вклучил и ја презел работата“, раскажала таа.

Озборн не открила на каква операција се подложила, но истакнала дека дополнителните третмани не го решиле проблемот.

„Одиш таму и се жалиш. А потоа тој почнува со инјекции, па го прашуваш: ’Што е тоа што ми го вбризгувате?‘, а тој одговара: ’Не грижете се, тоа е мојата специјална мешавина. Ќе делува!‘“, се присетила на зборовите на лекарот.


„Па, всушност, е*ено не делуваше. Имам вдлабнатина!“, луто изјавила таа.

Шерон и претходно зборувала за операцијата за затегнување на лицето на која се подложила во 2021 година, од чии резултати била згрозена. Операцијата ја опишала како ужасна, наведувајќи дека едното око ѝ изгледало поинаку од другото, па дури се споредила со „киклоп“.


Таа изјавила и дека ова искуство толку многу ја исплашило што одлучила повеќе да не се подложува на операции за затегнување на лицето, признавајќи притоа дека претерала со естетските зафати.

Зборувајќи за својот изглед во поткастот, Шерон изјавила дека верува оти на луѓето кои никогаш немале проблеми со сопствениот изглед може да им биде тешко да разберат зошто другите постојано се одлучуваат за операции или третмани за слабеење.


„Ако никогаш не сте биле незадоволни од сопственото тело или лице, тешко ви е да разберете како е да живеете во тело и со лице што воопшто не ви се допаѓа секогаш кога ќе се погледнете во огледало. Тоа ве оптоварува и прави да се чувствувате несигурно. Уште од раѓање, луѓето се злобни кон вас, а вие се чувствувате непријатно во сопственото тело“, раскажала телевизиската ѕвезда, нагласувајќи дека повеќе не е заинтересирана за естетски зафати.