[ФОТО] „IKEA“ се пошегува на сметка на луѓето во триесеттите години, коментарите се хит: „Се чувствувам прозвано“

Точка

16/10/2026

11:58

1.213

Големина на фонт

а а а

„IKEA“ одлучи да го прослави 30-тиот роденден на својата култна сина торба „FRAKTA“ на прилично забавен начин. Наместо класична роденденска честитка, шведскиот бренд се пошегува на сметка на стереотипите за луѓето во триесеттите години, а многумина се препознаа во објавата.

На профилот на „IKEA“ Швајцарија на Инстаграм се појави серија фотографии од препознатливата сина торба, придружени со пораки што започнуваат со истата реченица: „„FRAKTA“ слави 30-ти роденден, но ветуваме дека нема да...“.

Пилатес, керамика и заминување од забавата во 22 часот

На една од фотографиите, „IKEA“ ветува дека „FRAKTA“ нема да почне да планира работи шест месеци однапред. На друга се шегува дека одеднаш нема да се заинтересира за пилатес, додека на трета порачува дека нема да почне да си заминува од забавите уште во 22 часот.

Но, тука не е крајот. Според ветувањата на „IKEA“, „FRAKTA“ нема ниту да почне да го преиспитува целиот свој живот, ненадејно да ја открие љубовта кон изработката на керамика или да започне со подготовките за маратон.

Станува збор за духовит осврт на навиките што често им се припишуваат на луѓето по триесеттата година, од сè поголемата потреба за организирање и пораното легнување до откривањето нови хобија и поздравиот начин на живот.

„Добредојде во триесеттите, „FRAKTA“. Кажете ни кој стереотип за триесеттите ви звучи најпознато“, напишаа од „IKEA“ во објавата.


„Се чувствувам прозвано, и тоа на непријатен начин“

Објавата насмеа бројни следбеници, кои во коментарите почнаа да додаваат свои предлози за тоа што би можела да почне да прави „FRAKTA“ сега кога наполни 30 години.

„Дали „FRAKTA“ купи фритеза на топол воздух?“, праша една корисничка, додека друга се пошегува: „Да си заминува од забавата? Од какви забави?!“.

„Се чувствувам прозвано, и тоа на непријатен начин“, призна една следбеничка. „Зошто јас сум дел од оваа објава?“, се запраша друг корисник, а некој накратко порача: „Ова малку боли“.

Некои особено се забавуваа замислувајќи како би изгледало секојдневието на „FRAKTA“ во триесеттите години. „Каков ти е грбот, „FRAKTA“?“, праша еден коментатор, додека други предложија да почне да игра падел, да си набави апарат за еспресо или да се заинтересира за печење леб од кисело тесто.

„Време е за мала „FRAKTA“ торба“, се пошегува една корисничка, алудирајќи на проширување на семејството. Други, пак, ѝ порачаа дека допрва треба да се подготви за она што следува. „Драга „FRAKTA“, само почекај да наполниш 50 години!“, гласеше еден од коментарите.