[ФОТО/ВИДЕО] Градот којшто половина од годината живее во сенка: Властите потрошиле милиони за да имаат трошка сончев зрак на главниот плоштад

Точка

24/11/2026

09:34

480

Големина на фонт

а а а

Од септември до март, жителите на Рјукан живеат во сенка секоја година. Иако го гледаат сонцето на падините на планините што ги опкружуваат, не ги чувствуваат неговите зраци на своите лица.

Рјукан е град во округот Телемарк, на југот на Норвешка, кој се нарекува едно од најтемните места во светот..

Поради високите планини што го опкружуваат, малку повеќе од 3.300 жители немаат директна сончева светлина дури ни шест месеци во годината.


Од септември до март, жителите на Рјукан живеат во сенка. Иако можат да го видат сонцето на планинските падини околу градот, неговите зраци не ги стигнуваат. Тие појадуваат, ручаат и вечераат во темница. Во такви услови, одат на училиште и на работа, посетуваат продавници и спортуваат. Половина година ја поминуваат во полутемница.


Токму поради оваа причина локалните власти инвестираа пет милиони норвешки круни, или приближно 470.000 евра, во инсталирање соларни огледала на планините. Тие рефлектираат дел од сончевата светлина на главниот градски плоштад дури и во најтемните месеци од годината.

Додека некои веруваат дека премногу пари од градскиот буџет биле потрошени за мал зрак светлина во град обвиен во темнина, други истакнуваат дека огледалата дополнително ги привлекле туристите во Рјукан.


Градот бил интересна туристичка дестинација и во минатото благодарение на водопадите Рјукан, високи 104 метри, кои се наоѓаат во близина. Сега посетителите имаат уште една причина да го посетат.