Арсенал минатата сезона беше многу блиску да дојде до двојна круна, до најважните титули, меѓутоа падна на последната пречка во Лигата на шампионите.
Меѓутоа тоа веќе е минато, новата сезона е во тек, ама амбициите на „топчиите“ се исти да дојдат до пехарите во Премиер лигата и Лигата на шампионите. „Топчиите“ имаат солиден старт на домашната сцена, одличен во елитното натпреварување каде имаат два од два со што ја продолжија импресивната серија во лигашката фаза.
-Ова е апсолутно неверојатна серија. Знаеме дека пишуваме историја. Во исто време, знаеме колку е тешко да се добијат натпревари, па затоа му даваме многу вредност и признание на тимот за она што го правиме. Целта и задачата е да ја освоиме Лигата на шампионите, да ја освоиме Премиер лигата, да освоиме сè. Тоа е она што го сака менаџерот. Тоа е она што го сакаат навивачите. Тоа е она што го сакаме и ние како играчи, -вели Микел Мерино.
-Апсолутно. Ова е нашиот менталитет и цел. Бевме толку, толку блиску минатата сезона. Тоа ни докажа дека сме подготвени за тоа. Сега се работи за детали. Станува збор за тоа да бидеме присутни и подготвени во вистинските моменти и секако дека веруваме во тоа, -додаде Шпанецот.








