Комо ќе го има првиот гостински предизвик во Лигата на шампионите и тоа во Холандија каде ќе ги одмери силите со Феенорд.
Ова е незгоден терен, но и воедно противник со кој калчолигашот може да се надигрува, да освои бодови во Ротердам. Во исто време ова ќе биде интересна битка и на двете клупа, домаќините ги предводи Џовани Ван Бронхорст, гостите Сеск Фабрегас, асови кои во минато ги одмеруваат силите како активни фудбалери и тоа во супер важни натпревари.
-Игравме еден против друг во финалето на Лигата на шампионите и во финалето на Светското првенство. Тој е одличен човек, одлична личност, многу убав, прекрасен играч и докажува дека е и одличен тренер, -вели Фабрегас кој порача дека Комо се уште живее сон кој мора да стане реалност.
-Не знам. Ова е прв пат во историјата да го направиме тоа, а исто така е и прв пат во мојата кариерата. Многу од нив дебитираа во Лигата на шампионите против Лајпциг. Сè уште растеме. Знаеме дека ќе бидеме оценети според резултатите, но живееме сон кој полека мора да се претвори во реалност.
-Само сме на почетокот. Секој што постигнал нешто во животот знае дека она што го правиш на првиот ден не е истото што би го направил по 10 години. Смирен сум, сакам сите да играат што е можно повеќе, сите го заслужуваат тоа, -порача Шпанецот.








