Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд се пофали со важен потпис кој е поврзан со актуелниот предводник на екипата Нико Ковач.
Хрватскиот стручњак кажа „ДА“ за понудата од Борусија и ја продолжи соработката до 30 јуни 2029 година.
-Заедно, поставивме јасен курс за развој и поставивме важни темели за иднината. Сакаме да градиме врз тоа. Имаме јасна визија за тоа како играме фудбал, како се однесуваме како тим и што е потребно за да ги постигнеме нашите цели. Клучот е да не се потпираме на нашите достигнувања, туку да работиме секој ден за да се подобриме. Гледаме голем потенцијал и сме убедени дека, заедно, со целосна убеденост и голема решителност, сè уште можеме да постигнеме многу, -порача Ковач.
Тој е на кормилото на „милионерите“ од февруари 2025 година, ја презема екипата кога беше на 11. место и до крајот ја одведе во ЛШ. Во првата комплетна сезона му ја донесе вицешампиосната титула на Дортмунд, а севкупно гледано со 114 бодови на 53 средби во Бундеслигата тој е најуспешниот тренер во историјата на клубот (во просек 2.15 бодови ).
Покрај Нико нови договори добија Роберт Ковач и Филип Тапаловиќ.








