Лапорта: Барселона го игра најдобриот фудбал на светот…

Дерби

14/10/2026

12:12

212

Големина на фонт

а а а

Барселона игра без грешка во досегашниот тек на оваа сезона, ги доби сите осум натпревари во Примера, а ги положи и двата испити во Лигата на шампиони.

Ова секако носи голема самодоверба и надеж дека тековнава кампања ќе биде супер успешна, сценариот во кое верува Жоан Лапорта кој смета дека Барселона го игра најдобриот фудбал на светот.

-Со сета должна скромност, Барса го игра најдобар фудбал во Европа и светот. Има и други тимови кои играат многу добро, како што се ПСЖ и Баерн Минхен, и тие се исто така кандидати за освојување трофеи. Секогаш има изненадувања и мора да бидете подготвени за нив, но во однос на квалитетот на нашиот фудбал, ние сме тимот што игра најдобро и ја прави најголемата претстава. Ние им овозможуваме на љубителите на фудбалот и навивачите на Барса да уживаат. Играме стил на фудбал што луѓето го сакаат, -истакна Лапорта и додаде:

-Нашата цел е да бидеме претенденти во секое натпреварување во кое учествуваме. Имаме многу конкурентен, добро избалансиран тим. Деко и неговиот персонал завршија одлична работа, а имаме и многу силен состав. Очекувањата се исклучително високи. Имаме добар почеток во лигата. Ќе се вратиме тука во февруари за Суперкупот и Купот, и сакаме да бидеме претенденти за нивно освојување. А потоа е и Лигата на шампионите, за која сите поврзани со Барселона се неверојатно возбудени. Освојувањето е една од нашите главни цели оваа година, -порача првиот човек на каталонците.