Без струја денеска делови од општините Аеродром и Чучер Сандево

Макфакс

13/10/2026

06:43

312

Големина на фонт

а а а

Во делови од општините Аеродром и Чучер Сандево денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани работи, и тоа во одредени времиња и локации.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од главната улица Тодор Чангов 28 и дел од улицата Данка Фирфова во населбите Лисиче, општина Аеродром;

· во периодот од 09.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Глуво – Бразда, општина Чучер Сандево;

· во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на викенд населба Побожје (во близина на црквата Пресвета Богородица), општина Чучер Сандево.