Во СОС „Детско село“ малолетничка била физички нападната од вработена згрижувачка, при што е пријавено дека напаѓачката претходно исто така ја нападнала младата девојка. Се преземаат мерки за расветлување на инцидентот.
Денеска во 01:30 часот во СВР Скопје, од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје било пријавено дека на 11.10.2026 околу 17:00 часот во СОС „Детско село“, малолетничка била физички нападната од вработено лице како згрижувачка.
Според пријавеното, малолетничката и претходо била физички нападната од истата згрижувачка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








