Кривична против ексдиректор на Шумско стопанство – Свети Николе: склучувал договори без спроведена постапка и утврдени критериуми

Макфакс

12/10/2026

16:26

226

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешен директор на Шумско стопанство, поради сомнение за злоупотреба на службена положба во склучување договори без пропишана постапка и критериуми, што довело до противправна имотна корист.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 62-годишниот Б.И. Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како директор на ЈП „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Шумарство“ – Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без претходно спроведена постапка, без однапред утврдени критериуми и без обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице, со што му овозможил на правно лице од велешко да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари.