Пронајдени девет мигранти, уапсени двајца криумчари

Макфакс

12/10/2026

15:58

172

Големина на фонт

а а а

Во близина на село Богородица во Гевгелиско беа пронајдени девет мигранти, а двајца криумчари се уапсени. Мигрантите потекнуваат од Авганистан и Египет, а двајцата осомничени се задржани во полициска станица додека трае истрагата.

Вчера во 16:50 часот во блиизна на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициксата станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода 39-годишниот Б.К. од Скопје.

При преглед во возилото „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои пет од Авганистан и две од Египет.

Околу 18:30 часот биле обезбедени уште две лица мигранти од Египет кои биле дел од групата, а кои не влегле во возилото на место викано Краварски пат. Во врска со настанот, а поради сомнение за сторено кривично дело по член 418 – Б од Кривичниот зкаоник, на 12.10.2026 во 00:05 часот од слободса бил лишен и 17-годишник од Египет со привремен престој во Грција.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Б.К. и 17-годишникот се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.