Кристијано Роналдо самиот побара да биде казнет од етичката комисија на Португалската фудбалска Федерација, сето тоа како резултат на неодговорното однесување кое го имаше како капитен на националниот тим во овој септемвриско-октомвриски циклус во Лигата на нации.
Роналдо демонстративно го напушти репрезентативниот камп без да добие дозвола од селекторот Жезус и претседателот на Федерацијата, па според правилникот во португалскиот фудбал, капитенот треба да заработи и казна чија висина ќе биде позната во наредните неколку дена.
Португалската Федерација денеска официјално информираше дека е отворена истрага против Роналдо, а пред да биде донесена конечна одлука за висината на казната, автоматски му е активирана привремена суспензија од националниот тим.
– Покренувата е дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, со одлука на Секцијата за непрофесионален фудбал од 9 октомври 2026 година, а со цел да се истражи евентуалната дисциплинска релевантност на фактите пријавени на 7 октомври.
– Без да се загрози автоматската превентивна суспензија на која тој подлежи до моментот на утврдување на постапката, одредена е и превентивна суспензија на играчот, а целиот процес е означен како итен за португалскиот фудбал, – се вели во соопштението на Федерацијата.








