Алонсо му одговори на Тухел за „Палмер драмата“ во англиската репрезентација

Дерби

10/10/2026

13:50

327

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел испрати сериозна порака кога говореше за Кол Палмер за време на овој изминат период во Лигата на нации, а заклучокот дека „десетката“ на Челси пропуштила премногу шанси и повици да се наметне во неговиот тим, дефинитивно може да се одрази негативно врз репрезентативната кариерата на извонредниот фудбалер.

Палмер требаше да има шанса за докажување откако не настапи на Светското првенство поради одлука на Тухел, но наместо да го демантира селекторот во вид на добри претстави, тој и откажа на Англија поради повреда која сега експресно е санирана.

Селекторите се сомневаат дека добар дел од играчите кои откажаа блефираа во договор со своите клубови, а бидејќи сомнителен е и случајот со Палмер, со своја изјава сега се јави и Чаби Алонсо.

Шпанскиот стручњак застана во одбрана на Палмер и нагласи дека тој играл со проблеми против Брентфорд, па не гледа зошто некој ја доведува во прашање неговата професионалност кога е во прашање националниот тим.

– Палмер тренираше изминатава недела и се чувствува подобро. Не сакавме да избрзуваме бидејќи имавме доволно време, а за мене најважно е тоа што Кол е целосно подготвен и здрав. Само така може да ужива во играта и да се чувствува добро.

– На натпреварот против Брентфорд можевме да видиме дека се мачи. Што се однесува до натамошниот период, имаме позитивно чувство во врска со него и гледаме дека тој се чувствува подобро. Тој е посветен на Англија, но мора да биде целосно подготвен за да игра. А кога ќе биде целосно подготвен, ќе ужива во минутажата на теренот, – порача Алонсо.