Голем пресврт во Европа? Новите правила би можеле да им го продолжат животот на бензинците и дизелашите

Точка

09/10/2026

21:14

695

Големина на фонт

а а а

Бензинци и дизелаши по 2035 година: ЕУ разгледува дополнително ублажување на правилата.

Европската Унија го одложи гласањето за предлогот со кој дополнително би се ублажиле правилата за емисиите на новите автомобили по 2035 година.

Најголемата групација во Европскиот парламент, Европската народна партија („EPP“), се залага за цел за намалување на емисиите на CO2 за 80 отсто во однос на 2021 година.


Моментално важечката цел предвидува намалување од 90 отсто, додека пред измената од декември 2025 година целта била 100 отсто. Тоа практично значело дека од 2035 година продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување би била оневозможена.

Европската комисија по договорот од декември 2025 година соопшти дека и по 2035 година би можел да постои значителен удел на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување. Меѓутоа, дел од „EPP“ смета дека правилата треба дополнително да се ублажат.


Пратеникот на „EPP“, Јенс Гизеке, член на Комитетот за транспорт, изјави за германскиот „Der Spiegel“ дека неговата група се залага за намалување на емисиите од 80 отсто, пишува „Revija HAK“.

Застапниците на промената сметаат дека таквото правило би оставило значително повеќе простор за бензинците и дизелашите, особено поради очекуваната достапност на горива и материјали поприфатливи за климата.


Новото гласање во Комитетот за транспорт на Европскиот парламент засега е одложено, па останува да се види во која насока ЕУ ќе продолжи да ги менува правилата за автомобилите по 2035 година.