Гери Линекер побара од раководството на Манчестер Сити достојно да ја прифати казната за финансиските малверзации, затоа што тоа ќе биде најдобро за англискиот фудбал во оваа ситуација.
Поранешниот фудбалер, а сега влијателен водител и коментатор, зборувал на оваа тема на фудбалска конференција и потенцирал дека целата афера е голем удар за Премиер лигата.
– Најлошо нешто е да се зборува за теории на заговор во Премиер лигата, па затоа посакувам Сити да преземе одговорност.
– Да кажат „Добро, направивме грешка, но за доброто на фудбалот ќе ја прифатиме казната и ќе продолжиме понатаму.
– Тоа барем малку би спасило дел од нивниот углед, иако и тоа е проблематично, но дефинитивно ќе спаси дел од угледот на Премиер лигата, – рекол Линекер.







