Предраг Мијатовиќ повторно ја коментирал актуелната ситуација во својот поранешен клуб Реал Мадрид, а меѓу главните точки на расправа бил и начинот на кој се однесува Килијан Мбапе во приватниот живот.
Французинот ги налути фановите на Реал со своите ноќни излегувања и велосипедски авантури, додека беше ослободен од националниот тим поради повреда, па ваквото однесување ги изиритира сите кои очекуваат Мбапе да биде пример за соиграчите и да го предводи тимот до освојување трофеи.
Мијатовиќ го предупредил Мбапе дека треба посериозно да внимава на своите потези во приватниот живот.
– Во моментов сите фудбалери на Реал треба да бидат внимателни во однос на сликата која ја оставаат со своето однесување во приватниот живот.
– Навивачите се сензитивни, екипата нема освоено трофеј две години, а и оваа сезона е започната со одредени потешкотии. Затоа треба да се внимава на секој потег надвор од тренинг центарот. Ние не знаеме што зборувал Мбапе со Зидан и Мурињо и каков договор постигнале, но сигурен сум дека целата ситуација можеше да се изведе на подобар начин.
– Треба да разбереме дека се работи за млад човек кој сака да ужива во слободните денови, но вреди да се биде повнимателен, – потенцирал Мијатовиќ.







