[ФОТО] Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во Карпош

Макфакс

08/10/2026

10:12

174

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош започна со обновување на сообраќајната сигнализација пред основните училишта и детските градинки со цел да ја подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, вклучувајќи пребојадисување на пешачки премини и улични ознаки.

Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.

Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош, велат од Општината.

Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош.

Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, информираат од Општина Карпош.

Од таму апелираат за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.