Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците

Макфакс

08/10/2026

09:20

200

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Горан Герасимовски одбележа детската недела во обновената спортска сала во ООУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар. Реновирањето обезбедува подобри и современи услови за спорт и физичко образование, со што се поттикнува правилниот развој на учениците.

Со спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„Салата ја реновиравме во текот на летото. Учениците сега имаат функционален простор за спорт и физичка активност, а дополнително тука се и игралиштата во училишниот двор. Спортот е важен елемент во образовниот процес и затоа континуирано вложуваме во развојот на таа инфраструктура. Децата мора да спортуваат и да го градат тимскиот дух, ако сакаме утре да имаме генерации кои ќе бидат здрави“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Просторот во салата од 350 квадратни метри, која со децении беше во незавидна состојба, сега е целосно трансформиран во современ и безбеден амбиент со одлични услови за наставата по физичко образование и за рекреација, велат од Општина Центар.

„Реконструкцијата опфати целосно освежување на паркетот, кој е избрусен и лакиран, како и санација на ѕидовите, таваните и нови внатрешни врати. Поставени се нови инвертер-клима уреди и современо ЛЕД-осветлување, а електричната инсталација е целосно заменета. Дополнително, обновени се соблекувалните и кошевите, а во тек е обновување и замена на преостанатите спортски реквизити.

Општина Центар, вложувајќи во образованието и спортот, го поттикнува правилниот физички и ментален развој на учениците“, се додава во соопштението.