ЕВН Македонија известува за планирани исклучувања на електрична енергија во делови од општините Аеродром, Кисела Вода, Петровец и Илинден заради одржување и технички активности.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, дел од Дрма, општина Илинден;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Горно Блаце и Петровец, општина Петровец;
– во периодот од 10.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на улицата Караџица, населба Пржино, општина Кисела Вода;
– во периодот од 16.30 до 19.00 часот, булеварот Јане Сандански 109А, општина Аеродром.








