Тешко повреден возач на електричен тротинет во сообраќајка во Кавадарци

Макфакс

07/10/2026

13:30

201

Големина на фонт

а а а

Во градот Кавадарци се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и електричен тротинет при што возачот на тротинетот беше сериозно повреден и згрижен во локалната болница.

Маж од Кавадарци е тешко повреден во сообраќајка помеѓу автомобил и електричен тротинет.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосница од ул.„Галичка“ и ул.„Ресавска“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(43) од Кавадарци и електричен тротинет, управуван од Н.Д.(51) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот Н.Д., констатирани во Општа болница Кавадарци.