Клековски: Сериите на БСЖ вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти

Макфакс

07/10/2026

14:09

434

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира дека сериите на БСЖ вакцината се целосно искористени до јуни годинава и нема документирани несакани ефекти. Министерството продолжува со контрола и поттикнува редовна вакцинација според Календарот за имунизација.

Министерот за здравство, Сашо Клековски во денешната изјава за мeдиуми, во врска со сериите на БСЖ вакцината ја информира јавноста дека станува збор за серии бр. 6831 од 22.12.2022 година и серија број 807-1 од 11.12.2023 година. И двете серии биле целосно искористени до летото оваа година.


„Во нашата држава нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нивните резултати. Министерството за здравство ќе обезбеди непрекинато продолжување на вакцинацијата со БЦЖ вакцина, во соработка со УНИЦЕФ“, рече Клековски.

Ги повикува родителите да продолжат со редовна вакцинација на децата според Календарот за имунизација. Вакцинацијата останува најсигурната заштита за здравјето на нашите деца, потенцираше министерот Клековски.