Делови од општините Аеродром, Карпош, Центар, Студеничани, Петровец и Илинден денеска без струја

Макфакс

07/10/2026

06:40

270

Големина на фонт

а а а

Денеска делови од повеќе општини во Скопје - Аеродром, Карпош, Центар, Студеничани, Петровец и Илинден ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на мрежата од страна на ЕВН Македонија АД.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците 12-та Македонска Бригада, Аврора, Кресна, Митре Влаот, Димитар Македонски и Детелин Војвода, општина Аеродром;

– во периодот од 08.30 до 12.30 часот, дел од корисниците од улицата Студеничанска, општина Студеничани;

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Горно Блаце, општина Петровец;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улицата Козле, корисниците од улицата Славко Брезовски лоцирани позади ОУ Владо Тасевски (општина Карпош), како и дел од корисниците од улицата 1 во село Ајватовци, општина Илинден;

– во периодот од 11.00 до 14.25 часот, корисниците од улицата Славејко Арсов лоцирани кон улицата Тодор Александров кај Британска и Француска Амбасада и ИЗИИС, општина Центар.