Два брода погодени од дронови во Бугарија, едниот потонал

Макфакс

06/10/2026

10:14

977

Големина на фонт

а а а

Во Црното Море кај бугарскиот брег два трговски брода се погодени од дронови, при што едниот потонал. Се трага по исчезнати членови на екипажот, а истрагата е во тек за изворот на нападот.

Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, кај бугарскиот брег.

Во тек е потрага по исчезнати членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот – кој, според достапните информации, претставува прв таков удар врз пловни објекти во економската зона на земја-членка на НАТО.

Бугарскиот премиер, Румен Радев, треба да ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на итниот состанок посветен на нападите со дронови врз двата трговски брода во Црното Море кај Бугарија, од кои едниот потона, соопшти владата.

Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на вториот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна.

Бугарскиот информативен портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ – кој пловел под знамето на Того и наводно потонал – и „Ејбл“, кој пловел под знамето на Палау. Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловниот објект откако избувнал пожар и биле префрлени на бугарскиот ферибот „Диоскурија“. Некои од нив се здобиле со повреди. Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите.

Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот потона по избувнувањето на пожар.

 

фото/Depositphotos/илустрација