[ФОТО] Се соблече на 62 години и порача: „Вака изгледа стомак на супермодел“

Точка

06/10/2026

18:00

847

Големина на фонт

а а а

Паулина Поришкова не бега од реалноста на своето тело и секогаш сака на социјалните мрежи да се прикаже во најдобро, но природно издание.

Супермоделот Паулина Поришкова (61) продолжи да зборува за прифаќањето на својот изглед во објава на Инстаграм, во која се осврна на коментар што делумно гласел:

„Кога ќе видам супермодел кој на 61 година изгледа многу подобро од половина од жените што ги познавам во дваесеттите, а кој зборува за тоа дека повеќе нема рамен стомак или дека лицето повеќе не ѝ е свежо и убаво, искрено, тоа ме прави многу депресивна“.


Преку серија фотографии, Поришкова го покажа своето тело без разубавување, објавувајќи неколку фотографии во топлес на кои се гледаше и нејзиниот гол стомак. Ова не е првпат познатата манекенка да ги покажува своите природни изданија.

„Сè уште сте депресивни“, напишала преку една од фотографиите, по што следела снимка на која го допира стомакот.

„Вака изгледа стомак на оваа супермодел кога лежи“, напишала.


На втората фотографија Поришкова позирала во бикини со дезен на зебра, со што ја заокружила објавата за прифаќањето на својот природен изглед.

„А ако вака изгледате кога сте во своето најдобро издание, а вака кога не се трудите, знајте го ова: И вие сте убави и изгледате како ‘супермодел’“.

Поришкова во повеќе наврати одговарала на критиките за својот изглед. Така, на 18 јуни објавила искрена порака за тоа дека ѝ годи што се здебелила, а им одговорила и на оние кои сугерирале дека би можела да ослабе доколку тоа го сака.


„Добив многу љубов и поддршка од сите вас, но и неколку луѓе кои сакаа добронамерно да ми стават до знаење дека, доколку правилно се хранам и вежбам, би можела да се ослободам од вишокот килограми“, напишала.

„И да, ви благодарам. Знам дека можам да ослабам. Можам помалку да јадам и повеќе да вежбам. Можам да направам липосукција или да го замрзнам вишокот масно ткиво во мали парчиња. Мојата поента беше и останува – спротивставувањето на стареењето бара ужасно многу време и пари“.