Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: нападната малолетничка во Аеродром

Макфакс

06/10/2026

14:38

161

Големина на фонт

а а а

Во Аеродром е пријавено физичко насилство врз малолетничка, каде еден напад бил сниман со мобилен телефон. Полицијата презема дејствија за расчистување на случајот.

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(55) пријавил дека на 02.10.2026 на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, додека друга малолетничка настанот го снимала со мобилен телефон.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.