Општина Карпош: Започна годишната акција за есенска дератизација

Макфакс

06/10/2026

12:40

132

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош започна со годишната есенска акција за дератизација со цел контрола и уништување на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, опфаќајќи илјадници шахти низ општината.

Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година, соопштија од општината.

Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се спроведува редовно и конитурирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, како и превенција од појава и ширење на заразни болести. Во рамки на есенската дератизација ќе бидат опфатени околу 5000 шахти на целата територија на Општина Карпош.

„Претходно, Општина Карпош спроведе акции за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите општински основни училишта и детски градинки на своја територија. Преку спроведувањето на редовните превентивни мерки, Општина Карпош обезбедува заштита на јавното здравје и создава побезбедна и поздрава животна средина“.