[ФОТО] Го оставил автомобилот на паркинг, а кога утредента се вратил по него не можел да поверува што му украле: „Како автомеханичар сум доживеал сè, но ова не“

Точка

02/10/2026

11:18

2.198

Големина на фонт

а а а

Кражбите на автомобили и нивни делови на паркинзите не се реткост, но некои случаи со своите необични детали ги изненадуваат дури и долгогодишните возачи. Токму таква ситуација му се случила на еден сопственик на автомобил, кој на паркингот го затекнал своето возило во целосно неочекувана состојба.

За необичната кражба во Фејсбук групата „Moj kvart Trnsko“ пишувал самиот сопственик на автомобилот, Хрватот Јосип, кој објавил и фотографија од возилото паркирано на големиот паркинг пред супермаркет. На фотографијата се гледа дека од неговиот автомобил исчезнала задната десна врата. Меѓутоа, како што вели, тоа не било единственото нешто што го однеле крадците.

Како што навел, покрај вратата, крадците однеле и кутија со средства за чистење на автомобилот.


„Секоја чест за нивната професионалност“

„Ќе разберев да го украдеа целиот автомобил, но само вратата и таа кутија навистина не ми е јасно“, напишал Јосип.

Особено му било необично тоа што крадците во автомобилот оставиле детско седиште, за кое смета дека веројатно вреди повеќе од самата врата што ја однеле.

Уште еден детаљ му го привлекол вниманието. Иако во текот на ноќта ја ваделе вратата од автомобилот, на возилото не оставиле ниту една гребнатинка.

„Секоја чест за професионалноста, при вадењето не оставиле ниту една гребнатинка“, навел Јосип.


„Што да кажам, а да не заплачам“

На крајот, својата објава ја завршил во шеговит тон, обидувајќи се да најде начин целата ситуација да ја гледа од посветлата страна.

„Ете, што да кажам, а да не заплачам или добро да се насмеам“.

„Како автомеханичар сум доживеал сè и сешто, но ова не“

Коментарите под објавата набрзо почнале да се нижат, а еден член на групата веднаш изнел интересна претпоставка за тоа што би можело да се случи со украдената врата.

„Некој уште денес ќе го преземе поправениот „Golf“ кој имал оштетување на задната десна врата, и тоа токму во таа боја...“.

Еден автомеханичар напишал дека во текот на својата работа доживеал сè и сешто, но дека оваа кражба сепак го оставила без зборови.

„Како автомеханичар сум доживеал сè и сешто, но ова сепак не... На паркинг да ја демонтираат задната врата и да избегаат. А притоа, никој ниту видел ниту чул. А да ја довел сопственикот љубовницата, тогаш сите гледаат и слушаат. Со среќа во потрагата. Жал ми е, гледам детско седиште, па уште повеќе ми е жал поради малечкото“.


Се појавил и сомнителен оглас

Во коментарите се појавила и фотографија од оглас во кој се продава задната десна врата за „Golf 7“. Вниманието го привлекло тоа што вратата е црна, токму како онаа што недостасува од автомобилот на Јосип.

„Продавам задна десна црна врата за „Golf 7“. Стаклото е скршено....“, стои во описот на огласот.

Засега, сепак, не е познато дали вратата од огласот навистина е онаа што е извадена од автомобилот на Јосип, иако некои членови на групата забележале дека повеќе детали се совпаѓаат.

Јосип проценува дека украдената врата вреди околу 400 евра.