[ВИДЕО] Патници облеани во крв го спречиле ужасот: се појавија нови снимки, пилотот кој нападна колега со нож сакал да го сруши авионот

Макфакс

30/09/2026

19:26

303

Големина на фонт

а а а

Видео од патничка од фаталниот лет од Дубаи до Тел Авив го прикажува моментот откако авионот, во чиј кокпит имало конфликт меѓу пилотот и копилотот, одеднаш почнал да паѓа.

Тепачката меѓу пилотите била причина за вонредната ситуација на летот на компанијата „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, кој денес бил пренасочен и слетал во Саудиска Арабија, според израелските медиуми.

Авиокомпанијата подоцна потврди дека имало инцидент за време на летот кога пилотот го нападнал копилотот со нож во обид да ја преземе контролата врз авионот со повеќе од 100 патници од Израел.

Според податоците за следење на летот, авионот паднал над 4.260 метри за помалку од 30 секунди. Видео од еден од патниците од летот беше објавено на „X“ од воениот дописник на „Тајмс оф Израел“ Емануел Фабијан.

Авион на летот FZ1073, со повеќе од 100 израелски патници, прво го емитуваше кодот 7700, што укажува на општа вонредна состојба, а потоа кодот 7500, што укажува на киднапирање или друго нелегално нарушување на летот, но подоцна се покажа дека не станува збор за киднапирање, туку за конфликт меѓу пилотите во авионот, објавија израелски претставници и одбранбени извори.

Еден од патниците вклучени во инцидентот бил облеан во крв.

Според сведоштвата на Израелците во авионот, израелските патници ја презедоа контролата врз инцидентот и „го неутрализираа опасниот фактор“.

Аеродромот Табук соопшти дека авионот слетал во 9:45 часот по локално време и дека двајцата пилоти биле однесени во болница откако се здобиле со повреди.

Канцеларијата на израелскиот премиер објави дека ситуацијата е „под контрола“ и дека се преземаат чекори за пренос на патниците во Израел.