Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Макфакс

30/09/2026

08:20

214

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикува Канада, нарекувајќи ја една од најлошите земји во светот, во контекст на зголемени трговски тензии и воведени царини кои го заоструваат спорот меѓу двете земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, што ги оптоварува историски пријателските односи.

„Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие се една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба. „Но, со Канада е навистина тешко да се соработува. Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој.

Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што означува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада. При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ кон американските производи.

Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини.