Трамп нареди промена на името за вештачката интелигенција

Макфакс

30/09/2026

07:10

355

Големина на фонт

а а а

Претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба со која наредува заменување на терминот „вештачка интелигенција“ со „суперинтелигенција“ во сите официјални документи и изјави, нагласувајќи ја предноста на САД во оваа напредна технологија.

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им се наложува на федералните агенции да го заменат терминот „вештачка интелигенција“ со терминот „суперинтелигенција“.

Трамп смета дека зборот „вештачка“ ги намалува вистинските можности на оваа технологија. Тој исто така нагласи дека Соединетите Држави имаат „голема предност“ пред другите земји, вклучително и Кина.

„Имаме голема предност и ќе ја задржиме. Тоа е многу позитивна работа. Станува збор за неверојатна индустрија“, изјави Трамп.

Според оваа одредба, новата терминологија – која често ќе се скратува како „SI“ – мора да се користи во сите владини документи, јавни изјави и материјали на агенциите.

Пред потпишувањето се одржа средба во Белата куќа, на која Трамп разговараше со водечки личности од технолошкиот сектор, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг. Претседателот изјави дека компаниите се согласиле на доброволен договор што опфаќа внатрешни и надворешни проверки на интелигентните системи.