Манчестер Сити се уште води битка за обвинувањата за прекршување на финансискиот фер плеј во периодот од 2009 до 2018 година со тоа што се појавија информации во медиумите дека „граѓаните“ ќе бидат прогласени за виновни за 114 од вкупно 115 точки.
Меѓутоа се уште нема ништо официјално, „црно на бело“, а од таборот на Сити веќе беа испратени пораки дека ништо не е готово и дека процесот трае, па дури и ако се случи да бидат потврдени како виновни ќе следи жалба што значи приказната е далеку од готова.
Сепак иако процесто трае англиските медиуми „удрија“ јако, па почнаа да се залетуваат и дел од некогашните играчи како Рио Фердинанд и Давид Де Хеа, да бараат да им бидат врачен победнички медал за сезоната кога Манчестер Јунајтед заврши како втор на табелата.
Вејн Руни има друг став и им одржа лекција на некогашни колеги.
-Слушнав дека Рио излезе и каже дека сака уште еден медал од Премиер лигата… Не би се чувствувал удобно да прифатам уште еден медал од Премиер лигата, ако сум искрен. Не мислам дека го заслужуваме, не направивме доволно таа сезона за да ја освоиме лигата. Мислам дека имавме шест или седум бода предност на четири или пет натпревари до крајот и ги фрливме во вода, -рече Руни и се стави на страната на играчите на Сити.
-Видов сè што излезе во последните неколку дена и слушајќи ги луѓето, се ставив во чевлите на играч на Манчестер Сити… тие се играчи, прават сè што можат за да се обидат да ја освојат титулата во Премиер лигата и во нивниот ум го направија тоа. Ако тие играчи не знаат што се случува над нив, ако тоа ми се случеше мене… би бил апсолутно скршен.
-Можеби ќе се случи, можеби ќе им ги одземат [медалите], но не би го сакал [медалот] бидејќи не мислам дека како тим го заслуживме таа година бидејќи очигледно не завршивме први. а кога ги гледам соиграчите како велат „Сакам медал“, среќен сум со петте што ги освоив. Не би го сакал овој. Дали треба да им го одземат за она што го направија сопствениците? Да, можеби, но не би се чувствувал удобно да го прифатам тоа, -подвлече Вејн.










