Бразил издвојува победа над Австралија од 4-2 на вториот пријателски меч меѓу овие две репрезентации.
„Кариоките“ со гол во 95 минута се спасија од пораз во првиот одигран натпревар, додека пак денеска мораа да прават пресврт за да дојдат до посакуваниот резултат.
Вандерсон во 3 минута донесе предност за некогашниот светски шампион, но стигна одговорот од Австралија која од 28 до 33 минута даде два гола и дојде до позитива од 2-1. Во самата завршница на првиот дел, Бразилците добија пенал кој беше искористен од Рафиња за 2-2.
Токму играчот на Барселона беше заменет на полувреме поради повреда, проблем со мускулот, повреда која дефинитивно носи загриженост кај каталонците особено ако се земе предвид што ги очекува во следниот период, но и историјата на Рафиња со мускулните проблеми.
Бруно Гимараеш и Винисис Жуниор во вторите 45 минута реализираа за Бразилците за конечно славје од 4-2.
ТУКА можете да го видите најзачајните моменти.








