Јавниот обвинител на РСМ на средба со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал UNODC

Макфакс

29/09/2026

11:20

161

Големина на фонт

а а а

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се сретна со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC) за унапредување на регионалната соработка во борбата против прекуграничниот криминал и илегалната трговија.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ги прими во работна посета претставниците на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC), со кои разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе специфични области од областа на борбата против прекуграничниот криминал, размената на информации и спречување на илегалната трговија со дрога и луѓе.

На средбата со Данило Рици, регионален претставник на УНОДЦ за Југоисточна Европа, Украм Насиров, шеф на Програмската канцеларија во земјава и Стојна Атанасовска Димишковска од Канцеларијата на УНОДЦ беа договорени специјализирани обуки за јавните обвинители во сферата на искористување на вештачката интелигенција во борбата против криминалот, спречување на трговијата со нови видови наркотици, како интензивирање на регионалната соработка за поефикасен прогон на прекуграничен криминал по должината на Коридорот 8.

Во следниот период ќе продолжи интензивна координација со цел операционализирање на сите аспекти на ваквата соработка, соопшти Обвинителството.