Загина возач на патот Струмица – Радовиш, со камион излетал од патот

Макфакс

29/09/2026

12:10

172

Големина на фонт

а а а

Возач од село Сушево загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш. Несреќата се случила кога товарно возило излетало од патот, а возачот починал на лице место.

Возач од село Сушево, струмичко загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица – Радовиш.

Вчера во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.