Двајца полицајци нападнати во Липково

Макфакс

29/09/2026

12:00

155

Големина на фонт

а а а

Во Липково биле нападнати двајца полициски службеници откако товарно возило не застанало на знак стоп и потоа тие биле физички нападнати од возачот и две други лица. МВР презема мерки за расчистување на настанот.

Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.

Според информациите на МВР, вчера во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР, а потоа возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички нападнале двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.