[ВИДЕО] Јадел вештачки лисја од декорацијата пред фотографите: Бизарно однесување на Џони Деп на забава во Лас Вегас

Точка

28/09/2026

13:57

302

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Џони Деп неодамна повторно се нашол во центарот на вниманието, кога за време на прием во луксузниот хотел „Park MGM“ во Лас Вегас, организиран по повод промоцијата на неговиот нов бренд на рум „Three Hearts“, бил забележан во необична ситуација.

Деп се појавил во боемско рок-издание, облечен во темна модна комбинација, со шешир со широка козирка, марама околу вратот, очила за сонце и масивни прстени – со еден збор, сè она на што сме навикнати кога станува збор за неговиот стил.


Меѓутоа, потоа направил нешто што ги изненадило сите присутни, а снимките од необичната ситуација брзо се проширија и на социјалните мрежи.


Имено, актерот во еден момент се приближил до украсен ѕид кој бил прекриен со вештачко зеленило.

Потоа се наведнал кон декорацијата, откинал вештачки пластичен лист и почнал да го џвака.


Откако го исплукал првиот лист, повторно се вратил до ѕидот по уште еден „залак“, а потоа продолжил да позира со широка насмевка додека зелените листови му ѕиркале од устата.

Остатокот од вечерта го поминал одлично расположен, наздравувајќи со сопствениот рум и опуштено разговарајќи со гостите.


Овој негов потег веднаш бил прогласен за бизарен, но познато е дека актерот никогаш премногу не се грижел за правилата на Холивуд.

Имено во една прилика коментирајќи го својот неконвенционален поглед на светот, Деп во интервју понудил објаснување кое совршено го опишува неговиот карактер: „Фасциниран сум од повеќето работи кои во животот се сметаат за нормални и општоприфатени, бидејќи мене лично често ми изгледаат сосема необично“.