Информацијата за одлуката на независниот панел во однос на сериозните обвинувања на сметка на Манчестер Сити предизвика неверојатна бура коментари и англиската јавност допрва ќе очекува целосна разврска на овој случај.
Најавите се дека Сити ќе испрати жалба на одлуката која не е официјално објавена, но и дека на клубот му се закануваат сериозни казни кои можат да значат и одземање трофеи и префрлување во четвртата лига.
Родри кој беше член на Сити до минатата сезона во изјава за медиумите истакнал дека верува во клубот, односно во ставот на Сити дека не направил ништо лошо изминатите години.
– Раководството секогаш покажуваше силна увереност дека не е направено ништо погрешно и ние фудбалерите веруваме во тоа.
– Се додека не биде потврдено дека се виновни, ние веруваме во клубот. Го имаме примерот од 2020 година кога се водеше сличен процес и на крајот не се случи ништо. Тоа беше сличен судски процес, во кој првично клубот беше прогласен за виновен, па потоа одлуката беше укината.
– Верувам во правниот систем и во невиноста на клубот, – рекол Родри, алудирајќи на одлуката на Спортскиот арбитражен суд, кој ја укина казната на УЕФА за двегодишна суспензија од европските турнири.








