Братското дерби меѓу Србија и Грција донесе голема драма во самата завршница, па иако се чинеше дека избраниците на Пауновиќ се оние кои повеќе ја сакаат победата, на крајот победија гостите со гол во 95-та минута.
Центаршутот на Цимикас прв го дочека Дувикас и тој ги смрзна малкубројните навивачи на „Маракана“ во 95-та минута, а неговиот гол донесе и вирална сцена на клупата.
Предводник на грчкиот национален тим е искусниот Иван Јовановиќ, а неговата реакција по голот на Дувикас јасно укажува дека не му беше воопшто мило што ја урна својата сакана Србија.
Ремито очигледно беше најдобар епилог за Јовановиќ од овој натпревар, па неговиот коментар по постигнатиот гол на Дувикас стана вирален хит и на големо се споделува на социјалните мрежи.
– Да ти е.ам фудбалот – да ти е.ам!, – гласи краткиот коментар на Јовановиќ кој јасно може да се прочита од неговите усни.








