ДУИ бара оставка од Шасивари поради правосудниот испит

Макфакс

24/09/2026

10:50

147

Големина на фонт

а а а

ДУИ бара оставка од министерот Јетон Шасивари поради одолговлекување на решението за правосуден испит на албански јазик, додека во исто време брзо реагирал на пресудата од Хаг за челниците на ОВК.

За правосудниот испит на албански јазик, и покрај повторените барања на студентите и протестите, на министерот Јетон Шасивари му требаат време, консултации и дури до октомври за да понуди решение, велат од ДУИ.

Но, додаваат од партијата, за пресудата од Хаг за челниците на ОВК, Шасивари како „космополит“ немаше потреба да чека.

„Тој реагираше пред пресудата да биде објавена. Ова е парадоксот на Шасивари: за конкретното право на албанските студенти бара време, додека за пресуда која сè уште не беше објавена, побрза да заземе став. Дури, истиот Шасивари кој денес го релативизира правосудниот испит на албански јазик, како професор го критикуваше поранешниот министер Филков поради неговото недозволување. Но, за пресудата против челниците на ОВК, кога Албанците протестираат седум дена по ред, Шасивари се оправдува велејќи дека неговиот став е во согласност со „европските институции“. Ова е „космополитизмот“ на ВЛЕН и Јетон Шасивари. Седумдневните протести за ОВК не го убедија. Повторените барања на студентите не го убедија. За првото, за пресудата од Хаг, уште пред да ја знае нејзината содржина, имаше став. За второто, за правосудниот испит на албански јазик, дури и кога го чита законот, нема став. Оставка, Јетон Шасивари“, велат од ДУИ.