Несекојдневната сцена ги изненади жителите на Солун во текот на ноќта, кога крдо од дури 12 диви свињи ги „окупираше“ улиците во станбената населба Триандрија.
Несекојдневна сцена во Солун. Крдо од дури 12 диви свињи е снимена како среде ноќ слободно шета низ улиците на населбата Триандрија, провлекувајќи се меѓу автомобилите во потрага по храна.
Несекојдневната сцена ги изненади жителите на Солун во текот на ноќта, кога крдо од дури 12 диви свињи ги „окупираше“ улиците во станбената населба Триандрија.
Животните се снимени како сосема мирно и без страв талкаат по асфалтот, провлекувајќи се меѓу паркираните автомобили и зградите. Се претпоставува дека потрагата по храна ги довела во урбаната средина, бидејќи таа станува сè пооскудна во нивното природно живеалиште.
Иако глетката шокираше многу минувачи и жители кои ги набљудувале од прозорците, ова не е првпат диви свињи да навлегуваат во населените делови на Солун. Слични случаи биле забележани и претходно, а експертите објаснуваат дека овие животни сè повеќе се приспособуваат на градските услови, поради што локалните власти редовно апелираат до граѓаните да останат смирени, да не ѝ се приближуваат на глутницата и во никој случај да не ги хранат.








